Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез

Објавено

на

Дарвин Нуњез реагираше несоодветно на провокациите на противнички фудбалер и заработи црвен картон на своето деби на „Енфилд“, помагајќи му на Кристал Палас да дојде до посакувано реми.

Уругваецот го удри со глава Јоаким Андерсен кој заврши на тревата, а Палас имаше предност од фудбалер повеќе до крајот на средбата.

Нунез доби критики и од соиграчите и од менаџерот Клоп, но фановите сметаат дека виновник за инцидентот е Андерсен кој го провоцирал напаѓачот на Ливерпул.

Дел од нив претерале и испратиле смртни закани на сметка на Андерсен, за што веќе е известена и полицијата која ќе се обиде да пронајде дел од авторите на пораките.

– Добив околу 300-400 пораки синоќа.

– Разбирам дека го поддржувате својот тим, но имајте малку почит и не се правете силни на социјалните мрежи, – напиша денеска Андерсен како реакција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни