Поврзете се со нас

Германија

Фудбалер на Копенхаген откри гаф на Кимих, но и реакцијата на ѕвездата по натпреварот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен вчера не успеа да го победи ФК Копенхаген во Лигата на шампионите, но ремито без голови нема да донесе посебна нервоза во редовите на бундеслигашот, поради фактот што пласманот во следната рунда е веќе обезбеден од претходно.

Во таквата атмосфера се вклопи и изјавата на членот на данскиот клуб, Мохамед Елјунузи, кој открил каков гаф направил Џошуа Кимих во изјавата пред натпреварот и дека тоа му го соопштил по вчерашниот дуел.

Пред соочувањето, Кимих бил прашан од новинарите дали знае некој фудбалер на Копенхаген, на што тој одговорил дека го знае само Елјунузи, кој играл во Бундеслигата. Проблемот е во тоа што се работело за Тарик Елјунузи, кој во кариерата беше член на Хофенхајм, но тој му е само роднина на актуелниот член на Копенхаген, Мохамед Елјунузи.

– Кимих мислеше на мојот роднина Тарик, кој едно време играше за Хофенхајм. Му кажав дека тоа бил убав комплимент за Тарик, а тој се зачуди дека се работело за друг фудбалер. Ми рече дека сме личеле еден со друг, за што реално е во право, – открил Елјунузи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни