Италија
Фудбалер на Јувентус разочаран од Манчини: Ќе докажам дека вредам

Италијанскиот селектор Роберто Манчини го започнува новиот циклус квалификации под посебен притисок, бидејќи неговата репрезентација ги разочара фановите со пропуштањето на СП во Катар.
Манчини повика поголем број фудбалери за првите две средби во квалификациите за ЕП, но на списокот немаше место за Мануел Локатели.
Играчот за врска има повеќе од солидна сезона во дресот на Јувентус, но тоа не беше доволно за селекторот да смета на него на дуелите со Англија и Малта.
– Навистина сум тажен што не сум дел од националниот тим, но ќе докажам дека вредам и се надевам дека брзо ќе се вратам.
– Освојувањето на ЕП со репрезентацијата беше неверојатно чувство, засилено и поради целата ситуација со ковидот. Имав среќа што тоа првенство се играше година подоцна, бидејќи инаку немаше да бидам во составот. Тогаш навистина имав среќа, – изјавил Локатели.
Манчини во средниот ред ги повика Барела, Жоржињо, Тонали, Кристанте, Фратези, Пелегрини, Песина и Верати.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 12 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)