Англија
Фудбалер на Јунајтед со нова разочарувачка вест: Боли што мора да го напишам ова…
Манчестер Јунајтед се обидува да влезе во позитивна резултатска серија под водство на новиот менаџер, но Рубен Аморим уште долг период нема да смета на еден значаен фудбалер.
Левата бековска позиција е голем проблем за „црвените ѓаволи“ поради хроничните проблеми и честите отсуства на Лук Шо, а англискиот репрезентативец преку социјалните мрежи вечерва соопшти уште една лоша вест.
Наместо очекуван камбек на теренот, Шо објави дека доживеал нов проблем и ќе отсуствува уште неколку недели.
– Боли што мора да го напишам ова, бидејќи навистина мислев дека ги надминав последните проблеми и дека бев на позитивен пат, движејќи се нанапред, но за жал ми се случи мал проблем.
– Поминав низ многу работи и имав многу подеми и падови, но ова дефинитивно беше мојот најтежок период. Јас сум апсолутно уништен и исклучително е тешко да се помирам со реалноста во овој момент. Разбирам дека ќе има многу фрустрирани, лути и разочарани фанови.
„Никој не го чувствува тоа посилно од мене во овој момент. Но, она што можам да го ветам е дека ќе направам се што можам за да се вратам побрзо, за да му помогнам на овој клуб да ги оствари своите амбиции сезонава, – напишал Шо.
-
Англија20 часа
Мегваер посебно среќен за соиграчот кој доживеа понижување на „Олд Трафорд“: И јас минав низ истото
-
Шпанија23 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
Свет20 часа
Саудијците тврдат: Роналдо прифатил да стави потпис на неверојатен договор со Ал Наср
-
Шпанија23 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
Франција22 часа
Луис Енрике го дозна резултатот од „Ел Класико“, па му постави едно прашање на новинарот (Видео)
-
Шпанија10 часа
Фановите на Реал му пресудија на еден стартер по потопот од Барселона: Не си достоен за дресот (Фото)
-
Боречки спортови23 часа
Фјури објави крај на кариерата со мистериозна порака (Видео)
-
Шпанија18 часа
Кубо претрча 70 метри и постигна спектакуларен гол во Ла Лига (Видео)