Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Јунајтед со емотивна порака се одјави од „Олд Трафорд“: Жал ми е што мојот сон завршува тука

Објавено

на

Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок ќе се ослободи од неколку свои фудбалери со што значително ќе ги намали финансиските трошоци кои одат на плати за играчите.

Еден од фудбалерите за кого и дефинитивно е познато дека заминува е искусниот напаѓач, Одион Игало кој во последно време воопшто не добиваше шанса од Оле Гунар Солскјер.

Договорот за позајмица на Игало истекува на 31 јануари кога тој ќе се врати во неговиот матичен клуб, ШАнгај Шенхуа.

Уште кога го реализира трансферот во Манчестер Јунајтед, Одион Игало истакна дека ова навистина е остварување на неговиот сон затоа што уште од мали нозе навивал за клубот од „Олд Трафорд“ за кого плаќал карти за да го гледа во локалните пабови во Нигерија.

Сега откако неговиот период како играч на Манчестер Јунајтед дојде до самиот крај, Игало упати емотивна порака преку социјалните мрежи со која се прости со клубот и навивачите.

– Многу ми е тешко што гледам дека тука завршува мојот сон. Му благодарам на Бога што ми помогна да го остварам мојот долгогодишен сон облекувајќи го дресот на Манчестер Јунајтед. Тоа навистина беше чест која засекогаш ќе ја ценам и ќе бидам благодарен, -напиша меѓу другото Игло.

Нигерискиот напаѓач во дресот на Манчестер Јунајтед одигра 23 натпревари на кои постигна пет погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни