Фудбалер на Евертон по незгодниот пад ќе преноќи во болницата во Лион (Видео)

cuco-martina

Незгодниот пад на Куко Мартина предизвика сериозен страв кај лекарите, по што фудбалерот на Евертон итно е пренесен во најблиската болница каде ќе остане во текот на ноќта.

Дефанзивецот на „карамелите“ вечерва водеше битка со ривалите од Олимпик Лион, а по падот минаа дури седум минути пред тој да биде повлечен од теренот.

Лион победи со убедливи 3:0, а доплнителна грижа за гостите од Ливерпул е Мартина кој според менаџерот Дејвид Ансворт имал неколку повреди од падот и поради тоа останува хоспитализиран во Франција, со што ќе се избегнат ризици и ќе му бидат направени сите потребни испитувања.

Facebook Коментари