Поврзете се со нас

Свет

Фудбалер на Данди колабирал на полувреме и итно е префрлен во болница

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/DundeeFC

Натпреварот од шкотската Премиер лига меѓу Данди и Абердин заврши со победа на гостите, но и со еден несакан момент кој се случил на полувремето.

Додека фудбалерите на Данди биле во соблекувалната на паузата меѓу двете полувремиња, Мо Сила колабирал пред своите соиграчи и предизвикал голема паника.

Лекарскиот тим експресно интервенирал, по што францускиот интернационалец е префрлен во болница и најновите информации се дека е во добра состојба.

Денеска, Данди со кратко соопштение ги информираше фановите за тоа што се случило вчера на паузата, како и за тоа дека Сила е контактибилен и во добра општа состојба.

Сила останува хоспитализиран и ќе му бидат направени подетални испитувања наредниве денови.

Французинот има 30 години, роден е во Париз, а досега покрај за француски Лавал, има настапувано и за англиските нисколигаши Олдам, Алдершот и Хартлепул.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни