Англија
Фудбалер на Челси уапсен по кавга со девојка
Медиумите во Англија пренесуваат дека екстра талентираниот фудбалер на Челси, Калум Хадсон- Одои е уапсен доцна синоќа.
Младиот фудбалер на Челси, кој го победи коронавирусот, го прекршил правилото за карантин и во својот дом повикал девојка која ја запознал преку интернет.
По една бурна расправија меѓу Хадсон- Одои и девојката, соседите повикале полиција, а потоа на местото пристигнала и брза помош што говори дека фудбалерот веројатно и нанел и повреди на девојката.
Крилниот играч за кого имаше интерес од Баерн Минхен веднаш бил приведен и однесен во полициска станица, додека девојката со амбулантно возило била пренесена во болница.
– Полицијата и Брзата помош во Лондон беа повикани во 3:53 часот во недела, на 17 мај по пријава дека некоја жена не се чувствува добро, -стои во краткото соопштение кое беше испратено до медиумите од страна на полицијата.
Полицијата денес го претресува домот на играчот на Челси кој се уште останува во притвор и не се знае кога ќе биде пуштен дома.
Од Челси се уште не се излезени со официјално соопштение по целиот овој немил настан во кој е вплеткан еден од нивните најголеми таленти.
-
Балканпред 20 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 7 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 7 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Македонијапред 5 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 22 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик