Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Челси призна дека има тежок период во редовите на премиерлигашот

Објавено

на

Актуелниот европски првак Челси има голем број ѕвезди во својот ростер, но очигледно голем број од нив не се задоволни од менаџерот Томас Тухел и неговите идеи.

Последен во низата незадоволни фудбалери кои јавно ги потврдија своите фрустрации е Кристијан Пулишич, кој разговарал искрено со новинарите во американските медиуми.

– Очигледно е дека оваа сезона донесе многу подеми и падови. Јасно е дека ова не е позиција во која посакувам да бидам и начин на кој сакам да се развиваат работите.

– Дури и кога играм, најчесто не сум на посакувната позиција на теренот, иако не е лошо да можеш да му помогнеш на тимот во различни улоги.

– Ментално е тешко да се носите со ваквата ситуација, но барем заборавам на тие проблеми кога сум во репрезентацијата, – изјавил американскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни