Поврзете се со нас

Италија

Фудбалер на Челси потврди дека би можел да се пресели во Серија А

Објавено

на

Играчот кој мака мачи да се наметне како прв избор во редовите на Челси и кој собра само 18 настапи оваа сезона, Емерсон Палмиери најави дека би можел да си оди о дклубот ова лето.

Палмиери се пресели во Англија во 2018 година кога се реши дресот на Рома да го замени со оној на Челси.

Ваквиот потег се чини дека не му се исплати затоа што 25 годишниот фудбалер не успеа да се наметне на „Стемфорд Бриџ“.

Емерсон Палмиери сега се поврзува со враќање во Италија, а меѓу заинтересираните клубови се и Јувентус и Интер.

Самиот играч потврди дека постои можност тој да се врати во Серија А во овој летен преоден рок.

– Бев многу среќен во Серија А, а ми се допаѓаше и тамошната култура и токму затоа избрав да играм за Италија. Враќање во Серија А може да се случи ова лето, но јас имам активен договор со Челси и нема да брзам за да донесам одлука, -изјави Палмиери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни