Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Челси откри зошто престанал да клекнува на колено пред натпреварите

Објавено

на

Клекнувањето на колено беше прифатено од фудбалерите како симболичен придонес во борбата со расизмот, но еден член на Челси потврди дека решил да се откаже од ваквиот вид протест.

Маркос Алонсо веќе го привлече вниманието откако остана на нозе пред почетокот на нек лондонското дерби меѓу Тотенхем и Челси, а по мечот имал и објаснување.

– Јас сум против расизмот и секој вид дискриминација, но преферирам да покажам со прст кон амблемот на ракавот кој вели „Не за расизмот“, како што прават во други спортови.

– Преферирам да го изразам незадоволството на таков начин и да испратам порака, затоа што сметам дека потегот со клекнување веќе ја губи својата моќ, – вели Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни