Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Челси не сака да се врати на терените: Татко ми има астма, ќе бида катастрофа ако ја закачам болеста

Објавено

на

Англиската влада даде зелено светло за сезоната во Премиер лигата да продолжи, а спортские настани ќе бидат дозволени уште од 1 јуни.

Мислењата за продолжување на сезоната се поделени, а многу чинители кои треба да излезат на терените се плашат да го сторат тоа поради сопственото, но и здравјето на своите блиски.

Фудбалерот на Челси, Тами Абрахам изјави дека во овој момент не сака да се врати на терените, но дека сака сезоната да биде комплетирана.

Абрахам стравува поради здравјето на неговиот татко кој е болен од астма, па коронавирусот би можел да биде кобен за него.

– Сите може да видат што се случува во светот. Сите сакаат да се врати фудбалот. И јас сакам, го сакам фудбалот. Ова беше моја прва цела сезона во Челси и имав одлична година, па сакам да продолжи.

– Но најважно за мене, а верувам и за сите е да сме безбедни. Сакам да играм фудбал кога ќе е безбедно, а сега треба да почекаме, затоа што не е безбедно.

– Татко ми има астма, па ако се вратам да играм и не дај Боже ја закачам оваа болест и ја однесам дома, тоа ќе биде најлошото можно нешто. Последното нешто што го сакам е да се заразам од вирусот или да бидам во контакт со некој кој веќе го има вирусот, -изјави Абрахам.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни