Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Челси ја шармираше водителката: Ќе побарам негов број (Видео)

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/laurawoodsy

Рубен Лофтус-Чик учествувал во популарна радио емисија посветена на фудбалски теми, а со одговор на едно прашање изнудил многу симпатии и дефинитивно ја шармираше атрактивната водителка Лора Вудс.

Нејзината позната емисија на „ТокСпорт“ изобилува со вредни фудбалски анализи и стручни коментари, а фудбалерот на Челси зборувал за важните моменти за Челси и она што го очекува во продолжението од сезоната.

Вудс вообичаено им поставува специфични прашања на познатите фудбалери, па го прашала и Лофтус-Чик во која позната личност е заљубен.

– Лора Вудс, – одговорил играчот на Челси, по што предизвика очекувани реакции во студиото.

– Одличен избор. Ова беше големо задоволство и подоцна ќе го побарам твојот број, – му порачала Вудс на Лофтус-Чик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни