Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/afcbournemouth

Екипата на Борнмут има одлична сезона во Премиер лигата, а вчера си обезбеди пласман и во следната рунда на ФА купот.

Избраниците на Андони Ираола издоминираа против Евертон на гостински терен и очекувано останаа во игра за престижниот трофеј, а еден потег од вчерашниот дуел го привлече вниманието на фудбалските фанови.

Се работи за пеналот кој во гол го претвори Антоан Семењо, фудбалерот за кого веќе се интересираат побогатите и поуспешни премиерлигаши.

Семењо употреби интересен начин на егзекуција, во кој не му даде простор на противничкиот голман, а притоа испрати и силен удар за погодок на својата екипа.

Фудбалерот од Гана е еден од најдобрите поединци сезонава во Премиер лигата и за него Челси веќе е подготвен да плати 50 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни