Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Бенфика го најави трансферот во Манчестер Сити

Објавено

на

blank

Манчестер Сити најверојатно ќе ја засили екипата со Рубен Диас од екипата на Бенфика, кој вечерва постигна гол за својот тим на можеби последниот настап за лисабонскиот клуб.

Диас ја носеше капитенската лента и го постигна првиот гол во триумфот над Мореиренсе од 2:0, а по мечот 23-годишниот фудбалер со својата изјава индиректно потврди дека се подготвува за заминување.

– Навистина сум среќен, ова беше посебен натпревар за мене, а посебно важно беше што успеав да постигнам гол.

– Мислам дека сите претпоставуваат зошто, ова беше специјален момент, на кој влијаеше и фактот што ја носев капитенската лента, – изјавил Диас кој настапува за Бенфика од 11-годишна возраст.

Англиските медиуми велат дека 23-годишниот дефанзивец е проценет на 55 милиони евра, но Сити ќе ја намали сумата откако во спротивен правец треба да замине Николас Отаменди.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни