Поврзете се со нас

Шпанија

Фудбалер на Барселона се збогуваше со клубот пред неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Младиот фудбалер на  Барселона, Марк Хурадо со порака на социјалните мрежи го најави неговото заминување од клубот.

16 годишниот Хурадо кој потекнува од академијата на славниот шпански клуб ќе си оди од Барселона и кариерата како што е најавено ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ му понудиле одлични примања на десниот бек кој беше капитен на младинските селекции на Барселона оваа година.

– Никогаш не е лесно да го напуштиш клубот кој ти дал се. Барселона беше мој втор дом, моето второ семејство, каде што тренирав да станам подобар играч, но и подобра личност.

– Денес мора да кажам довидување, но тоа не сакам да го сторам пред да се заблагодарам на луѓето кои ми помогнаа откако почнав во 2011 година. Имав среќа да ја делам страста со фантастична генерација со која засекогаш ќе останам поврзан.

– Започнавме како деца кои само трчаа по топката, а сега девет години подоцна мора да кажам довидување со честа што можам да ги наречам пријатели. Само ние знаеме колкава среќа имавме со тренерите кои не тренираа и кои ни помогнаа да продолжиме да ги исполнуваме нашите соништа, -напиша Хурадо во својата емотивна порака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни