Поврзете се со нас

Шпанија

Фудбалер на Атлетико исплатил дел од кауцијата на Дани Алвеш

Објавено

на

Foto:instagram.com/danialves

Дани Алвеш вчера го напушти затворот во Барселона откако плати кауција од еден милион евра, средства кои ги собираше неколку дена со помош на своите најблиски пријатели.

Бразилскиот фудбалер не доби поддршка од семејството Нејмар во втората епизода од неговиот случај и мораше да бара пари на други места, а шпанските медиуми откриваат дека добар дле од средствата му обезбедил поранешен соиграч од Барселона.

Мемфис Депај пред неколку дена му испрати поддршка на Дани и нагласи дека е тука да му помогне, а сега се појави информација дека тој се приклучил на пријателите на Алвес и им помогнал да ја соберат сумата од 1 милиони евра.

– Луѓето треба да знаат дека и јас имам тешко минато. Мојот брат одлежа десет години во затвор и едвај чекав да излезе. За мене, Менди и дани Алвес и натаму се мои пријатели.

– Не велам дека го одобрувам за тоа што се обвинети, но тоа не значи дека не се веќе мои пријатели и дека не сум тука за нив, – изјави Мемфис минатата недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни