Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Арсенал завршил на операција, сигурно ќе пропушти неколку натпревари

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Микел Артета добил уште една лоша вест поврзана со повредите на фудбалерите на Арсенал, овојпат поврзана со Бен Вајт.

Дефанзивецот завршил на мал оперативен зафат на коленото и ќе замине на принуден одмор, за кој засега е тешко да се процени колку ќе трае.

Дел од медиумите шпекулираат дека Вајт може да не биде во комбинација неколку недели, но тоа е најлоша прогноза и повеќе информации ќе бидат познати откако клубот ќе им се врати на домашните обврски.

Вајт подолг период имаше проблем кој беше потврден и од Артета, а менаџерот тврдеше дека внимава на неговата минутажа поради таа причина.

Дефанзивецот одамна реши да не се става на располагање на англиските селектори, па актуелната пауза била искористена за оперативниот зафат, кој очигледно бил единствено решение за проблемот.

Арсенал по паузата за настап на репрезентациите ќе се соочи со Нотингем Форест, потоа има гостување кај Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, па гостување кај Вест Хем во Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни