Поврзете се со нас

Светски првенства

Фудбалер на Арсенал заминал од Катар поради конфликт со асистент на Саутгејт

Објавено

на

Англиската фудбалска репрезентација досега успешно го реализираше планот за настапите на СП во Катар, а сега го очекува и четвртфиналето со Франција.

Селекторот Герет Саутгејт и овојпат ја нема опцијата Бен Вајт во одбраната, бидејќи фудбалерот на Арсенал ја напушти репрезентацијата уште на почетокот на турнирот, но медиумите дури сега ја открија вистинската причина.

Англичаните претходно соопштија дека Вајт го напушта Катар поради лични причини, но излегува дека тој имал сериозен конфликт со Стив Холанд, првиот асистент на Саутгејт.

Холанд му замерил на Вајт за односот во пресрет на првиот натпревар на мундијалот, како и целосната неинформираност за противниците, а работата отишла дотаму што дефанзивецот морал да го напушти националниот тим.

Вајт не доби минути против Иран и САД, а не беше ниту на клупата за дуелот со Велс, по што и замина во Англија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни