Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Арсенал се одбранил од напаѓачи кои сакале да му украдат автомобил (Видео)

Објавено

на

Фудбалерот на Арсенал, Габриел, се одбранил успешно од маскирани напаѓачи кои се обиделе да го ограбат во гаражата на неговиот дом во Лондон.

Британскиот таблоид „Сан“ објави видео на кое се гледа дел од инцидентот, кој за среќа завршил без повредени, а и со неуспешен обид на крадците да стигнат до посакуваниот плен.

Се работи за настан од август кој веќе добил судска завршница, а во кој криминалната група го следела Габриел и влетала во неговата гаража, обидувајќи се да дојде до автомобилот Мерцедес, но и неговиот скап часовник.

Габриел бил во друштво на еден пријател, па иако првично ги исполнил барањата на напаѓачите, подоцна дошло до борба, во која крадците побегнале.

Еден од нив останал без својата капа, што било доволно полицијата да го пронајде преку ДНК анализа, за сега да добие 5-годишна затворска казна поради нападот и носење оружје.

Пред две години, нападнати беа и Месут Озил и Сеад Колашинац, но фудбалерот од БиХ успеа да ги избрка крадците кои останаа со празни раце.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни