Фудбалер ќе пропушти гостување на својот тим поради забрана за движење

Nile-ranger1

Најл Ренџер нема да може да му помогне на својот тим Саутенд на гостувањето кај Шрузбери во Лига 1 како последица на проблемите со законот кои ги имаше изминатиот период.

Ренџер беше ослободен од затвор откако таму мина 10 недели од 8-месечната затворска казна која му беше доделена поради финансиска измама, а веднаш потоа го засили Саутенд за кого веќе има два настапи сезонава.

Сепак, нема да може да настапува на следното гостување бидејќи натпреварот се игра од 19:45 часот по локално време, а тој има забрана за движење меѓу 19 и 7 часот.

– Неговиот „полициски час“ не ни дозволува да сметаме на него за оваа средба, – потврдил менаџерот Фил Браун.

Утеха за Браун и пред се за Ренџер е што набргу ќе му биде отстранет електронскиот уред за лоцирање кој го носи на ногата и тој ќе може слободно да се движи во текот на целиот ден.

Facebook Коментари