Поврзете се со нас

Европски првенства

ФСС открива: Тадиќ со еден потег ставил крај на сапуницата со Пикси

Објавено

на

Србија загуби на првиот натпревар на Европското првенство и покрај тоа што остави одличен впечаток против Англија, но за да не биде се така идеално се погрижи капитенот на „орлите“.

Душан Тадиќ остана разочаран од одлуката на Драган Стојковиќ да не биде во стартниот тим и јавно го критикуваше тој потег, а во моменти додека го правеше тоа, даде и изјава која многумина ја протолкуваа како омаловажувачка кон неговите соиграчи.

Тадиќ нагласи дека е најдобар и најподготвен играч во тимот и дека со него на теренот Србија ќе имала шанси и за победа, па откако изминативе два дена се изнаслушавме разни изјави на оваа тема, сега самиот капитен решил да стави крај на целата сапуница.

Пикси не остана импресиониран од зборовите на Тадиќ и самиот призна дека кажаното не оди во прилог на тимот, а тоа го натерало Тадиќ вчера јавно да се извини пред сите во хотелот во Аугзбург.

– Во хотелот Максимилијан каде е смесетена српската репрезентација за време на Европското првенство, беше одржан состанокот на стручниот штаб со сите игра. Имаше разговор за претстојните обврски, но покрај се, се огласи и капитенот Душан Тадиќ кој ја искористи приликата да се извини за непромислената изјава после натпреварот со Англија.

– Тој им се извини на селекторот и соиграчите. Плановите продолжуваат исти, Србија се подготвува за вториот меч на Европското првенство и сега ќе отпатуваме за Минхен каде се предвидени медиумски активности и службен тренинг, – стои во објавата на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни