Фрум паднал на допинг тест, одговорните отворија истрага

Froome2

Крис Фрум е под истрага на Светската велосипедска федерација поради позитивен допинг тест и доколку биде суспендиран тоа ќе биде уште еден голем удар за овој спорт.

Користењето допинг уништи многу кариери на велосипедисти, а притоа го наруши и угледот на спортот, а Фрум беше еден од натпреварувачите кои со своите успеси влеваа надеж кај фановите. Сепак, британскиот велосипедист имал позитивен допинг тест на примерок земен за време на трката „Вуелта“ на која стана првиот претставник на својата земја кој стигнал до првото место, за подоцна да победи и на Тур де Франс.

Кај Фрум било пронајдено двојно поголема количина салбутамол, лек кој се користи за астма, а поради што Светската федерација бара одговори од велосипедистот. Фрум засега не е суспендиран, но тоа може да се случи доколку одговорните не бидат задоволни со објаснувањето и доказите приложени од велосипедистот. Олеснителна околност за Британецот е што тој боледува од астма уште од дете, а во своја одбрана вели дека имал проблеми за време на трката во Шпанија и докторите му препишале поголема доза салбутамол.

Facebook Коментари