Фрум не дозволи изненадување, утре ќе ја потврди четвртата титула на Тур де Франс

Froome2

Британскиот велосипедист Крис Фрум го освои третото место на денешната етапа на Тур де Франс и на тој начин речиси ја осигура четвртата победа на легендарната велосипедска трка.

Етапата во Марсеј му припадна на Масиеј Боднар, но за Фрум беше најважно што зад себе ги остави ривалите за првото место во генералниот пласман и само теоријата го дели од славење на титулата во пресрет на утрешната последна етапа.

Пред завршната етапа која утре ќе заврши во Париз, Фрум има 54 секунди предност пред Ригоберто Уран кој пак денеска го презема второто место, надминувајќи го Ромен Барде кој веќе заостанува над 2 минути зад водечкиот Фрум.

Facebook Коментари