Фрум ја потврди третата победа по ред на Тур де Франс

froom-etapa

Крис Фрум ја одбрани титулата на велосипедската трка Тур де Франс. Ова стана јасно по денешната последна етапа и завршницата во Париз, а по која Британецот стигна до третата победа по ред на оваа трка, односно до вкупно четврти трофеј на Тур де Франс.

Холанѓанецот Дилан Гроневеген денеска славеше етапна победа пред Андре Грајпел и Едвалд Боасен Хаген, додека за Фрум беше најважно да ја задржи предноста во генералниот пласман.

На крајот, тој го освои првото место со 54 секунди предност пред Ригоберто Уран од Колумбија и 2:20 минути предност пред Французинот Ромен Барде.

Facebook Коментари