Фрум ја освои „Вуелта“ и стана само трет велосипедист со „дабл“ во иста година

Chris-Froome2

Крис Фрум победи на велосипедската трка околу Шпанија, а со овој успех стана еден од ретките велосипедисти кои успеале да триумфираат на „Вуелтс“ и „Тур де Франс“.

Британецот триумфално ја заврши последната етапа во Мадрид и првпат триумфираше на трката со што стана само третиот велосипедист во историјата кој успеал да ги освои двете најзначајни трки во една година. Претходно, тоа им успеа само на Жан Анкетил (1963) и Бернар Ино (1978 година), но во период кога „Вуелта“ се одржувала неколку месеци порано и била на програмата пред обиколката на Франција.

Фрум како член на „Тим Скај“ ја заврши трката со предност од 2 минути и 15 секунди пред второпласираниот Винченцо Нибали, додека третото место во генералниот пласман го освои Русинот Илнур Закарин.

 

Facebook Коментари