Фрум го издржа нападот и ја задржа предноста на Тур де Франс

turdefrans

Крис Фрум е најголем добитник на денешната етапа на Тур де Франс откако неговите ривали за првото место не успеаја да ја искористат шанса за осетно да ја намалат предноста која ја има.

Планинскиот испит од Бријанкон до Кол д’Изоар му припадна на Французинот Ворен Баргиј, додека Фрум го освои четвртото место што беше супер сценарио за задржување на предноста пред Уран и Барде кои имаат се помали шанси да го загрозат првото место на Британецот.

Фрум по 18. етапа води со 23 секунди пред Барде кој денеска успеа да украде само една секунда од предноста на ривалот, додека  Колумбиецот Уран доцни 29 секунди.

Facebook Коментари