Фрум и Думуле ги збунија фановите, Томас ја „резервира“ жолтата маичка (Фото)

tdf-20-etapa

Сто и петтото издание од најголемото велосипедско шоу на светот Тур де Франс е при самиот крај, а денеска се возеше индивидуалниот хронометар.

Според официјалните резултати, најдобар попладнево беше холандскиот велосипедист Том Думуле, кој 31 километар долгата етапа ја мина за 40 минути и 52 секунди и заврши само со секунда предност пред второпласираниот Фрум. Но, сигурно нешто што ги изненади фановите беше начинот на кој стигна до победата. Иако на официјалниот сајт беше потврдено дека Британецот ја заврши трката со резултат 40:50,41, а и Думуле стигна на целта со резултат 40:52,19 „магично“ се зголеми резултатот на Фрум за цели 3 секунди.

Трет на целта стигна Герајнт Томас со задоцнување од 14 секунди, па сега единствено што му преостанува е да почека до утрешната трка кога и официјално ќе биде крунисан за шампион. Инаку, втор и трет во севкупниот поредок се Думуле со негатива од 1 минута и 51 секунда и Фрум со 2 минути и 24 секунди.

Утре со 116 километри долгата етапа ќе биде затворено ова издание на турнејата околу Франција, па по финишот на Елисејските полиња ќе се знаат сите маички и официјално ќе си добијат сопственици до наредната година.

Facebook Коментари