Поврзете се со нас

Италија

Фрозиноне извиси во борбата за опстанок, шампионот Интер ја заврши сезоната со реми (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/EmpoliFC

Новиот италијански шампион ремизираше со Верона (2:2) во натпреварот без резултатско значење од последното коло на Серија А, па избраниците на Симоне Инѕаги ја завршија сезоната со 94 бодови.

Поинтересна вечерва беше битката за опстанок, во која на крајот извиси Фрозиноне, тимот кој по една сезона се враќа во Серија Б и тоа поради поразот на домашен терен од Удинезе.

Дејвис во 76. минута го постигна голот за гостите од Удине, кои повторно се спасија од најлошото сценарио, додека Емполи си ја заврши работата на домашен терен против Рома.

Тосканскиот клуб го постигна голот за 2:1 во судиското надополнување и тоа преку Нианг, а триумфот над „волчицата“ беше доволна да се обезбеди опстанок. Покрај Фрозиноне, во Серија Б се селат и Сасуоло и Салернитана.

Верона-Интер 2:2
Лацио-Сасуоло 1:1
Фрозиноне-Удинезе 0:1
Емполи-Рома 2:1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни