Поврзете се со нас

Светски првенства

Фројлер: Многу боли овој пораз, можеме да направиме само една работа

Објавено

на

Швајцарија веќе со години е сериозна репрезентација која редовно е на сите големи натпреварувања, па затоа се очекуваше дека ќе и даде голем отпор на Португалија во осминафиналето на Светското првенство, но се случи обратното и тие доживеа вистинска катастрофа.

Избраниците на Фернандо Сантош „летаа“ во Лусаил и славеа со фантастични 6-1 со погодоците на Рамош (3), Гереиро, Пепе и Леао. Ова издание, пораз беше многу болен за Швајцарците, вистинско разочарување и тоа се гледа по искрената изјава на Ремо Фројлер.

-Беше тешко да се влезе во дуели, секогаш доцните за чекор. Единствено што можеме да направиме е да им се извиниме на Швајцарците. Не бевме на теренот и ни е жал поради тоа. Ова е Светско првенство, се игра на секои четири години. Милиони ги чекаат овие натпревари и сега покажувате вакво нешто. На полувремето мислевме дека не е се готово, но третиот гол не закопа. Тоа беше клучен момент. На крајот е 1:6 и тоа многу боли, -заклучи Фројлер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни