Фридрихсхафен на Ѓоргиев доби лекција од Дурен

niko blok

Фридрихсхафен на нашиот Никола Ѓоргиев доби лекција од Дурен во мечот од 11. коло во Бундеслигата.

Домашниот состав победи со убедливи 3-0 во сетови со вкупно 21 поен повеќе во однос на противникот (75-54). Во првиот сет резултатот беше 25-20, во вториот 25-12 за да мечот биде затворен со 25-22.

Македонскиот репрзентативец Ѓоргиев беше најдобар во својот тим со 11 освоени поени. Со ова завршија обврските за Фридрихсхафен во оваа календарска година.

Facebook Коментари