Поврзете се со нас

АТП

Фриц за изјавата за Ѓоковиќ: Ме нападнаа…

Објавено

на

Тејлор Фриц игра одлично на Мастерсот во Синсинати каде дојде до четвртфиналето во кое ќе ги одмери силите со првио светски рекет Данил Медведев.

Меѓутоа Американецот освен со своите квалитетни партии е актуелен со изјавата за Новак Ѓоковиќ во која порача дека подобро за сите ќе биде тој да не учествува на Ју-Ес Опен. Многумина не ја разбраа оваа негова порака, па самиот тој мораше да се дообјаснува, појаснува дека ова всушност е комплимент за Новак и неговиот квалитет, знаење со кое ги плаши противниците.

-Се разбира, ништо ново. Ме нападнаа затоа што се пошегував кога реков дека за сите е подобро да не игра Новак. Проблемот со транскриптите е што се работи за сиров текст и не е секогаш јасно како се кажани работите. Тоа што го кажав е всушност поголем комплимент за Ѓоковиќ од било што друго, -објасни Фриц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни