Поврзете се со нас

АТП

Фриц: Ова е болен пораз, Надал не глумеше дека е повреден

Објавено

на

Тејлор Фриц даде се од себе за да се пласира во полуфиналето на Вимблдон, но и тоа не се покажа како доволно да ја добие битката со Рафаел Надал.

Повеќе од четири часа траеше овој меч, Шпанецот имаше проблем со стомакот, ама издржа до крај, не се предаде и со тоа уште еднаш покажа за каков борец се работи. Американецот е свесен дека исппушти голема шанса и затоа ова го смета за најболен пораз во кариерата.

-Ова беше одличен натпревар. Искрено, веројатно боли повеќе од кој било загубен натпревар што сум го доживеал. Мислам можеби во вториот сет кога изгледаше лошо. Дефинитивно ме натера да размислувам. Некако престанав да бидам агресивен. Чувствувам дека дозволив тоа да влијае врз мене. Изгледаше малку како да не се движеше толку добро за некои удари, а потоа и неговиот сервис изгуби брзина. Но потоа одигравме навистина долги размени каде тој одигра некои потези што мислам дека многу нормални играчи не би можеле да ги направат, -рече Фриц кој воедно смета дека Рафа не лаже за пвредата.

-Не. Мислам дека не ја измислил повредата или ништо. Неговиот сервис падна, да речеме 10, 15 милји на час. Не би го направил тоа без причина. Подоцна се движеше многу добро, одигра одлична одбрана. Претпоставувам дека трпел болки додека играл. Сите имаат мали повреди и сите се обидуваат да играат на некој начин. Тоа е што е, -порача Тејлор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни