Поврзете се со нас

АТП

Фриц направи огромен пресврт против Зверев за второ четвртфинале на Вимблдон

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Александер Зверев се навикна да губи на мечеви во кои изгледа како доминантен и подобар тенисер, а тоа се повтори и денеска во осминафиналето на Вимблдон.

Саша бркаше свое прво четвртфинале во Ол Ингланд клубот, но по се изгледа, играњето на најпрестижната трева во тенисот не му носи среќа, дури и во ситуација кога води со 2:0.

Германскиот тенисер ги доби првите два сета со 6:4 и 7:6 и се чинеше дека Тејлор Фриц е блиску до нов пораз во дуел со топ 5 тенисер, но Американецот покажа истрајност и на крајот стигна до второ четвртфинале на Вимблдон.

Фриц го доби третиот сет со 6:4, во четвртиот славеше во тајбрејк, па така работите се префрлија на негова страна и во петтиот победи со 6:3.

Американецот за првпат победи еден топ пет ривал на грен слем турнирите по девет последователни победи, а овој триумф му обезбеди четвртфинална пресметка со Лоренцо Музети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни