АТП
Фриц му се закани на Синер: Ќе излезам на терен и ќе го победам
Тејлор Фриц ја доби битката со сонародникот Френсис Тијафо (3:2) и обезбеди место во големото финале на Ју-Ес Опен каде за ривал ќе го има првиот светски рекет Јаник Синер.
Италијанецот дефинитивно ќе го има статусот на фаворит, ама Фриц не се плаши, пука од самодоверба и порача дека ќе истрча на теренот со една цел, да победи и го освои првиот грен слем во кариерата.
-Отсекогаш сум играл добро против Јаник. Мислам дека е 1-1. Не сме играле долго време, а последен пат ме победи во три сета во Индијан Велс. Тој ја удира топката многу силно, но мислам дека секогаш добро ја удирав топката по неговите удари. Не знам што да ви кажам, обично играм добро против него.
-Искрено, секогаш уживав да играм против него. Мислам дека ќе има многу повеќе стресни ситуации од денес. Денеска се чувствував добро. Имам чувство дека ќе излезам на терен, ќе играм многу добро и ќе победам. Кога играм добар тенис, мислам дека тоа е доволно ниво за победа, -порача Фриц кој сака да стане прв Американец со грен слем пехар по Енди Родик во 2003 година.
-
Евролига8 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Шпанија20 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Свет24 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
Англија23 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Италија20 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Македонија21 час
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
Италија9 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Македонија22 часа
Бахар за трката за титулата во Македонија: Шампион ќе биде…