Поврзете се со нас

АТП

Фриц ја замолкнуваше публиката на Ролан Гарос, неговата атрактивна девојка го овековечи моментот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Тејлор Фриц вчера ја завтори програмата на Сузан Ленглан и го победи Артур Риндеркнеш со 3:1 во сетови, но начинот на кој го затвори овој меч од втората рунда сигурно ќе му донесе доста проблеми со публиката во продолжение од турнирот.

Американскиот тенисер влезе во директна „војна“ со гледалиштето и не покажа почит по самиот крај на мечот, односно само ја дозагреа атмосферата и изнуди уште пожестоки свирежи од трибините.

Откако ги замолкнуваше по последниот освоен поен, Фриц продолжи во ист ритам и за време на прославата на победата, но и во моментите кога даваше интервју на теренот.

Оваа необична и бизарна ситуација воглавно е карактеристична за Данил Медведев, но сега до израз дојде и Фриц кој сепак се нема истакнато со вакви потези.

Тензијата донесе измешани реакции и во неговиот „бокс“, а неговата атрактивна девојка го овековечи моментот и извади камера за да ги снима откачените сцени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни