Поврзете се со нас

Шпанија

Френки во невидено издание и со лекција на прес-конференцијата: Како не ви е срам? (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Френки Де Јонг секогаш е еден од најкритикуваните играчи кога резултатите на Барселона не се онакви какви што се очекуваат од каталонскиот гигант, но поради тоа што важи и за еден од највредните играчи во првиот тим, често е дел и од разноразни шпекулации за заминување.

Изминатиот период, одредени шпански медиуми повторно почнаа да пишуваат дека Барселона е решена да слуша понуди за играчот чија плата е една од највисоките во првиот тим, па бидејќи одново почнаа да го преселуваат во други клубови, самиот Френки реши да стави крај на гласините.

Холанѓанецот на последниот прес се покажал во невидено светло и решил да им одржи лекцијата на новинарите, на кои во лице им порача дека изнеле лаги за сумата која ја заработува.

– Во последно време сум малку иритиран. Лут сум на тоа што го пишувате вие новинарите и она што се пишува генерално во јавноста. Излегуваат многу работи кои се невистинити. Навистина не можам да сфатам, кажувате работи кои не се вистинити. Не знам како не ви е срам да го правите тоа?

– Зборувате многу за мојот договор, за мојата ситуација, за платата. Ширите многу чад и лаги. Велите дека заработувам по 40 милиони евра, но тоа е многу далеку од реалноста. Нема да ви откријам колку заработувам, но креирате приказна која не е вистинита. Јас сум среќен во Барселона, ова е клубот од моите соништа и се надевам дека ќе останам тука уште неколку години, – изјавил Де Јонг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни