Поврзете се со нас

Лига на нации

Френки е комплетно друг играч кога игра за Холандија: Фудбалскиот мастерклас на Де Јонг против Италија (Видео)

Објавено

на

blank

Менталниот склоп е нешто што често знае да ги прогонува светските фудбалери кога настапуваат за клубот и репрезентацијата , а нешто такво дефинитивно му се случува на Френки Де Јонг, играч кој покажува две сосема различни лица кога игра за Барселона и холандската селекција.

Младиот Френки веќе извесно време се мачи во Барселона и последно беше јавно опоменат и од тренер Роналд Куман, но затоа вечерва демонстрираше дека се чувстува далеку послободно и покомотно на теренот кога настапува за Холандија.

Де Јонг беше МВП на натпреварот меѓу Италија и Холандија кој се одигра вечерва, презентирајќи вистински фудбалски мастерклас на средината на теренот на стадионот во Бергамо.

Френки беше играчот кој имаше убедливо најмногу допири со топката (78), изрежира 59 пасови од кои 88 проценти беа точни, комплетираше четири дриблинзи, заработи три прекршоци, имаше два успешни старта во одбрана и имаше еден клучен пас со кој ја отвори акцијата на Холандија по која Ван Де Бек израмни на 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни