Формула 1
Френк Вилијамс е хоспитализиран, фамилијата со јасна порака за јавноста

Креаторот и поранешен сопственик на Формула 1 тимот Вилијамс, 78-годишниот Френк Вилијамс бил хоспитализиран, а неговите најблиски информираат дека се наоѓа во стабилна состојба.
Вилијамс е вистинска легенда во моторспортот, а по возачката кариера, успеа да го направи Вилијамс еден од најуспешните тимови во Формула 1 историјата.
Во текот на веќе завршената последна сезона, неговата ќерка Клер официјално се повлече од тимот, откако семејството реши да го продаде на американски инвеститори.
– Здравствената состојба на Френк е приватна работа и затоа фамилијата нема да објавува други информации, – е наведено во официјалното соопштение.
Вилијамс во 2016 година имаше сериозен проблем со пневмонија, а користи инвалидска количка од 1986 година, кога доживеа сообраќајна несреќа на пат меѓу патеката Пол Рикар и аеродромот во Ница.
Во децениите кога Френк Вилијамс и неговиот тим Вилијамс доминираа во Формула 1, освоија девет конструкторски и седум возачки титули.

- Шпанијапред 21 час
Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош
- Англијапред 23 часа
Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)
- Германијапред 23 часа
Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик
- АТПпред 19 часа
Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви
- Англијапред 21 час
Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне
- Шпанијапред 20 часа
Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)
- Италијапред 9 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година