Англија
Фред со искрена изјава: Имав ужасна година во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Фред, пред две години стигна од Шахтјор како големо засилување во средината на теренот.
Сепак, Бразилецот имаше катастрофална прва сезона на „Олд Трафорд“, додека во втората под водство на Оле Гунар Солскјер покажа дека може и знае да игра многу подобро.
Фред е свесен дека бил катастрофален во првата година на „Театарот на соништата“ потенцирајќи дека тоа била ужасна година за него.
Бразилецот посочи дека не можел да се концентрира на фудбалот и поради семејни причини, но и поради периодот на адаптација на новата средина.
– Првата сезона ми беше тешка. Имаше процес во кој се адаптирав тука, а исто така имав и некои лични работи кои ми се случуваа во животот, како раѓањето на мојот син. Па верувам дека поради низа причини првата сезона ми беше ужасна. Како и да е, сега се чувствувам добро и дефинитивно сум адаптиран на новата средина, -изјави Фред.
Бразилецот одлично ја пополни празнината во тимот која настана со неиграњето на Пол Погба кој речиси цела сезона е надвор од терените поради повреда.
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 23 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 4 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Италијапред 5 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Шпанијапред 5 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Италијапред 17 часа
Наполи објави соопштение за случајот „Осимен“, но не му се извини на голгетерот