Поврзете се со нас

Италија

Фратези за понижувањето кое го доби еден италијански репрезентативец: Навивачите треба да се засрамат!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Италија ја одработи задачата и успеа да оствари многу важна победа над Украина на домашен терен, но оваа средба беше одбележана од трите гола постигнати во првиот дел, како и бруталниот третман кој го доби првиот голман на репрезентацијата.

Најголем дел од јавноста на „чизмата“ побара смена на Џиџио Донарума на голот на Италија, меѓутоа Лучијано Спалети одлучи дека не е време да му се дава шанса на Викарио и продолжи да верува во првиот чувар на ПСЖ.

Ова донесе да видиме непријатни сцени на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, бидејќи Донарума беше исвиркуван од италијанските фанови при секој допир кој го имаше со фудбалската топка, нешто што предизвика реакции од Спалети, но и соиграчите.

Селекторот уште за време на мечот бараше од навивачите да му дадат поддршка на Донарума, додека Фратези беше жесток во пораката која ја испрати по натпреварот.

– Ова што се случи со Донарума беше засрамувачки. Никогаш не сум видел вакво нешто, еден репрезентативец да биде исвиркан од своите навивачи. Не знам зошто има потреба од вакво нешто, ние сите ја претставуваме Италија. По крајот на мечот му пријдов, му порачав дека го сакаме, но немаше потреба од моја утеха. Донарума е класа и знае како да се справи со вакви непријатни ситуации, – изјави стрелецот на двата гола во победата од 2:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни