Свет
„Франс футбол“ ги објави деталите од гласањето, Меси со голема предност ја освоил „Златната топка“

Лионел Меси стигна до рекордната осма „Златна топка“, оставајќи ги зад себе Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, кои според гласовите се најдоа во првата тројка во престижниот избор организиран од „Франс футбол“.
Во гласањето учествувале 92 новинари од 100 земји со најдобар ФИФА ранкинг кои имаат право да гласаат, а на крајот Меси се нашол на листата на 82 гласачи, од кои 65 го ставиле на првото место, односно му доделиле најмногу поени.
Аргентинецот собрал 462 поени, 105 повеќе од Халанд, додека Мбапе на крајот бил трет со 270 поени.
Халанд имал 20 први места меѓу гласачите, додека францускиот ривал бил најдобро позициониран кај членовите на жирито од Бугарија, Камерун, Брегот на Слоновата Коска и Чешка.
Дури и францускиот претставник, новинар од „Лекип“ му дал предност на Халанд пред Мбапе, додека аргентинскиот новинар избрал дури пет аргентински фудбалери на својот список.
Претставници на шест земји воопшто не гласале за Меси, а тоа се новинарите од Швајцарија, Камерун, Зеленортските Острови, Гвинеја, Јордан и Ел Салвадор.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг