„Франс Фудбал“ по Златната топка воведува нова награда која ќе го носи името на легендарен голман

FIFA Ballon d'Or Gala 2014

Реномираната организација „Франс Фудбал“ од оваа година планира освен доделувањето на Златната топка да доделува и нова награда која ќе замине во рацете на најдобриот голман.

Наградата ќе го носи името „Јашин трофеј“ во чест не легендарниот руски голман Лав Јашин кој е единствениот голман кој претходно ја освоил Златната топка.

За првото признание „Јашин трофеј“ ќе се борат шест голмани и тоа Јан Облак (Атлетико Мадрид), Марк Андре Тер Штеген (Барселон), Алисон Бекер (Ливерпул),  Иго Лори (Тотенхем), Мануел Ноер (Баерн Минхен) и Едерсон (Манчестер Сити).

Инаку наградата ќе ја доделува истото жири кое е задолжено да го избере и освојувачот на Златната топка.

Facebook Коментари