„Франс Фудбал“ ги подреди деветте најдобри голмани во светот, Де Хеа дури седми (Фото)

dehea-vika

Угледниот магазин „Франс Фудбал“ традиционално секоја година ја доделува „Златна топка“ на најдобриот фудбалер во светот, а сега во своето последно издание одлучи да направи и една интересна листа посветена на чуварите на мрежата.

Респектабилниот француски медиум избра пет експерти кои имаа за задача да даваат поени за 9-те најдобри голмани во овој момент, а поредокот на листата навистина носи и едно големо изненадување бидејќи Давид Де Хеа се најде во долниот дел.

Чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед изминатиов викенд ја воодушеви комплетната светска јавност со своите брилијантни 14 интервенции на дерби дуелот со Арсенал, но сепак францускиот магазин смета дека Де Хеа во овој момент е само седми најдобар голман во светот.

Пред него се Нојер, Буфон, Куртоа, Лорис, Облак и Кејлор Навас, додека топ 10 поредокот е комплетиран со Тер Штеген и Хандановиќ.

Facebook Коментари