Поврзете се со нас

Англија

Франк се помири со судбината: Знаеме што ќе се случи со Тони наредново лето

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrentfordFC

Ајван Тони ја одлежа осуммесечната суспензија поради нелегално обложување и злоупотреба на својата фудбалска дејност, но напаѓачот се врати во месец јануари и веднаш покажа колку е важен за Брентфорд.

Иако многумина прогнозираа дека ќе направи трансфер уште во зимскиот преоден рок, Тони реши да остане во Брентфорд барем до крајот на сезоната, по што јасно е дека ќе бара многу поголем предизвика во кариерата.

Напаѓачот е сериозно интересен за големи клубови како Челси и Арсенал кои се очекува да водат битка за него, а помирен со неговото заминување уште отсега е и менаџерот Томас Франк.

– Повеќе од очигледно е дека Ајван Тони најверојатно нема да биде со нас од наредното лето. Знам дека ќе биде многу скапо за тимот да останеме без најдобриот голгетер, но од друга страна, знаеме дека следново лето влегува во последната година од договорот.

– Истовремено, сите знаеме колку вреди. Сметам дека нема многу подобри напаѓачи во светот од него. Тој е навистина добар и како тренер на Брентфорд сакам да го имам во тимот, но од друга страна, сакам да видам како ќе игра и во топ тим, – вели Франк во интервју за дански „Типсбладет“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни