Поврзете се со нас

Англија

Франк направи споредба: Ливерпул е ниво над Сити и Арсенал, тие се…

Објавено

на

Ливерпул со два гола во самата завршница дојде до трите бода во соочувањето со Брентфорд во Лондон и тоа благодарение на резервистот Дарвин Нуњез.

Уругваецот двапати се најде на вистинското место во судиското продолжение и со тоа конечно ја круниса доминацијата на „црвените“ на овој дуел на кој упати скоро 40 удари.

Домашниот стратег Томас Франк му ја честиташе победата на противникот и притоа направи споредба на Ливерпул со Манчестер Сити и Арсенал, два тима со кои неговиот тим играше во минатиов период.

-Мислам дека севкупно добар настап против фантастично добар тим за кого мислам дека е најдобриот тим во Премиер лигата. Се разбира, тие се број еден, па мислам дека тоа не е изненадување за никого, тие веројатно се најдобриот тим во светот. Само што игравме против Сити и Арсенал, а сега и Ливерпул во кратко време, мислам дека тие се ниво над нив, покомплетни во сите фази на играта, да… многу добри, исклучително добри, -истакна Франк.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни