Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Французите знаат да препознаат класа: Цел стадион му се поклони на Модриќ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Лука Модриќ игра врвен фудбал на 39 години и не планира да престане да го прави тоа и на 40, па со изданијата кои ги нуди и во оваа фаза од кариерата, се пореални се шансите дека ќе добие нов договор од Реал Мадрид.

Хрватскиот фудбалски маестро е насекаде сакан и почитуван дури и од ривалите, а доказ за такво нешто добивме и вчера во Франција.

Реал Мадрид рутински го победи Брест со 0:3 во натпревар на кој Модриќ беше стартер, па во моментите кога Хрватот излегуваше од игра, се случи нешто што им се случува на најголемите фудбалери.

Навивачите на Брест го испратија со свирежи Килијан Мбапе, но затоа имаа само позитивни мисли за фудаблскиот мајстор од Балканот.

Кога Модриќ се подготвуваше да излезе од игра, цел стадион почна да му дава аплауз на ветеранот, по што и тој возврати со ракоплескање на укажаната љубов.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни