Поврзете се со нас

Франција

Французите уловија каква порака му испратил Макрон на Мбапе при средбата во Елисејската палата (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/k.mbappe

Килијан Мбапе доби специјален повик во Елисејската палата и беше вип гостин во седиштето на францускиот претседател, па иако првично беше најавено дека друштво ќе му прават уште неколку соиграчи од ПСЖ, на мини-церемонијата се појавил само напаѓачот.

Мбапе има изградено извонреден однос со претседателот на Франција и токму Макрон беше оној кој го разубеди Килијан да потпише за Реал пред две години, но во оваа нова епизода се чини дека не може ништо да промени.

Според информациите, Килијан веќе има преддоговор со Реал Мадрид и го извести ПСЖ дека си оди на крајот од сезоната, а вчеравечер најверојатно тоа од прва рака го дозна и Макрон.

Мбапе вечерал со Макрон, Емирот од Катар и со Насер Ал Келаифи, а при пристигнувањето добил пријателската и шеговита порака од претседателот на државата.

– Ќе ни креираш повеќе проблеми, – со насмевка му порачал Макрон, најверојатно алудирајќи на најавеното заминување на Мбапе од Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни