Поврзете се со нас

Европски првенства

Французите си поиграа со Холандија, Лукаку со хет-трик ја реши Шведска (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Франција забележа убедлива победа над Холандија од 4-0 во дерби натпреварот во квалификациите за Европското првенство.

Средбата во Париз требаше да донесе многу неизвесност, возбуда, но домаќините беа подобри, поконретни, знаеја да ги искористат своите шанси и им нанесоа тежок пораз на „лалињата“. По само 21 минута игра резултатот беше 3-0 со головите на Гризман, Упамекано и Мбапе.

Во вториот дел Мбапе даде уште еден гол за „триколорите“ за да во судиското продолжение Депај не реализира удар од 11 метри. Килијан од вечерва е петти стрелец во историјата на француската селекција со 38 голови, односно го остави зад себе Карим Бензема.

Во истата група Грција рутински го реши Гибралтар со 3-0.

Убедлива беше и Белгија на гостувањето во Шведска каде трумфираше со 3-0. Напаѓачот на Интер, Лукаку беше во фокусот на вниманието затоа што „испука“ хет-трик или поточно се најде на вистинското место во 35, 49 и 83 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни