Поврзете се со нас

АТП

Французите имаат нов непријател: Фриц го победи домашниот тенисер и дрско ги замолкнуваше фановите на Ролан Гарос (Видео)

Објавено

на

Петтиот натпреварувачки ден на Ролан Гарос заврши со победата на Александер Зверев над Молчан, но речиси истовремено заврши и мечот кој започна порано, а кој донесе сепак далеку поголема тензија.

Мечот кој се играше на Сузан Ленглан беше оној меѓу Тејлор Фриц и Артур Риндеркнеш, па иако на крајот победи фаворитот, Американецот си загарантира пеколна атмосфера на сите следни дуели кои ќе ги има на Ролан Гарос.

Фриц успеа да победи со 3:1 и да се пласира во третата рунда на Френч Опен, но од вечерва сигурно е најомразен меѓу фановите во Париз, а најдобар доказ за тоа се сцениот од самиот крај на мечот.

Американскиот тенисер водеше вербална војна со дел од фановите во добар период од мечот, но најлошото го сочува за самиот крај.

Веднаш откако го освои последниот поен, Фриц почна да ги замолкнува присутните на  трибините, а тоа продолжи да го прави и откако се поздрави со ривалот и главниот судија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни